Волонтирај

Уште од самите почетоци па сè до ден денес волонтерите во Елеуса фондација се клучен фактор во спроведувањето на сите активности. Широк е спектарот на луѓето кои биле/сè волонтери во Елеуса фондација по многу основи, како на пример: возраст (деца од неколку годинишна возраст – придружувани од родителите, па се до пензионери над 80 годишна возраст); образование (лица без никакво формално образование, па се до доктори по науки), социјален статус (од невработени и социјално загрозени лица кои и самите имаат потреба од помош, па сè до лица кои се на највисоки државни функции или пак лица кои се управители или сопственици на успешни компании), итн. Но она што со сигурност е заедничко за сите волонтери во Елеуса фондација е хумноста и спремноста да се помогне на оние кои им е потребна помош.

Апликација за волонтирање

Доколку се чуствувате спремни да дадете свој личен придонес како волонтер во активностите на Елеуса Фондација, во продолжение пополнете ја апликацијата. Здружението ќе ги евидентира вашите податоци и вашите намери за волонтирање и согласно потребите ќе ве контактира во даден момент.

Со вашето пополнување на апликацијата, вие давате согласност на здружението Елеуса Фондација да располага со Вашите лични податоци за намената за кои сте ги внеле. Доколку во некој момент посакате податоците кои сте ги внеле да бидат избришани, истото може да се реализира, доколку ни испратите барање на нашата официјална електронска пошта од Вашата електронска пошта која ја имате претходно пријавено во самата апликација.

Телефонскиот број нема да биде користен за ништо друго освен за комуникација поврзана со волонтирањето.
Внесете го местото каде што живеете.
Внесете го местото каде што би можеле да волонтирате.
Пол *
Дали поседувате возачка дозвола? *
Дали поседувате возило со кое би можеле да дадете поддршка во транспорт на лица / производи во склоп на некоја активност? *
Последно завршено образование: *
Дали имате претходно искуство со волонтирање? *
Во која од наведените активности би сакале да помогнете? *
Можете да изберете една или повеќе активности.
Даили се согласувате со здружението Елеуса Фондација да располага со вашите податоци за намената за кои ги внесовте во оваа апликација. *