Категорија: Вести

Фондација Елеуса

Сподели
Љубов, среќа и пак љубов. Вака наједноставно можеме да ги прераскажеме емоциите кои обострано ги почувствувавме ние и нашите пријатели од Основното училиште со ресурсен центар ,,Св. Климент Охридски ” во Ново Село.
За нас ова беше еден од моментите кога се потсетуваме на зборовите на нашиот Епископ стобиски г. Јаков дека секоја личност со попречености е специјален, посебен човек во овој свет, испратен од Бог за да спречи нашите срца да се претворат во камен и да не научи на сострадание и љубов.