Категорија: Вести

Фондација Елеуса

Сподели

,,Да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја ноќ – Твојата вистина.”
(Пс. 91, 2)

Драги наши, утрово го започнавме со за сите нас радосната вест за лекувањето на малата Дениса Стоева од село Штука во Турција. Фондација Елеуса ги уплати собраните средства од ,,Хуманитарниот бадникарски концерт 2024″ и од Божиќниот базар за лекување на Дениса.
Ви ги пренесуваме топлите и искрени, полни со надеж зборови на благодарност од нејзината мајка до сите Вас кои придонесовте на било каков начин во хуманитарните акции.
Бог по својата милост да ве помилува и спаси!
Бог да ја помилува и спаси малата Дениса, да ѝ дарува добро здравје и со својата благодат да ја укрепи и заштити, како Лекар на нашите души и тела!