
Фондација „Елеуса“ донира два монитори за интензивна нега за Детското одделение во Општа болница Струмица Фондација Елеуса денеска ги предаде во употреба двата монитора за интензивна нега наменети за детското одделение во Струмица. Станува збор за апарати кои ги мерат и следат сите витални параметри кај неонаталните и педијатриските пациенти: ЕКГ, Ресирацција, Пулсоксиметрија, неинвазивенпритисок, температура итн.
Директорката на општата болница спец.д-р Катерина Кузамовска истакна дека мониторите ќе бидат од голема корист.
-За нашата болница и конкретно за детско одделение односно одделот за педијатрија, пациент мониторите за интензивна нега на нашите пациенти ќе ни помогнат во следење на основните витални параметри. Следење на срцева акција, дишење, кислородна сатурација во континуитет е особено важна во следење на моменталната состојба кај нашите пациенти, а со тоа и навремено алармирање за потребна терапија. Благодарност до Елеуса фондација за помошта која ја обезбеди за нашата болница, за одделот педијатрија , се во интерес на нашите пациенти- децата, изјави спец.д-р Катерина Кузмановска – педијатар директор на ОБ Струмица.Паричните средства за оваа донација се обезбедени од хуманитарната изложба „Фотографски записи на еден монах“ на отец Гаврил што ја организира Фондација Елеуса.
-Љубовта е давање, давањето е радост. Не случајно, Фондација Елеуса го присвои ова мото во својата уманитарна дејност. Еве и денес сме сведоци на вистината на овие зборови. Со љубов ја организиравме изложбата, со уште поголема љубов отец Гаврил ги донесе фотографиите, а најголемата несебична љубов е кај сите оние кои ја посетија изложбата и донираа за од денес овие монитори да помагаат да се следат и спасуваат животи. Благодарност на болницата за отворената соработка, која почнува денес, а се надеваме дека ќе продолжи и во иднина. Здравствениот секрот е предизвик за сите нас и заедно мораме да го подобруваме според можностите, велат од Фондација „Елеуса“. Мониторите за интензивна нега имаат автономно работење во траење од 3 часа со што се овозможува транспорт без да има прекин во следењето на параметрите на пациентот.