Фондација Елеуса

Сподели
Радувајте се секогаш во Господ, и пак ќе речам: радувајте се!
Филипјаните 4:4

 „Силна радост: Нашиот Ѓорги си  доби роденденско изненадување од

Силна радост синоќа нѐ допре сите, а најмногу нашиот единствен Ѓорги, кој доби роденденско изненадување од неговите другарчиња од Вокално-инструменталниот состав „Стихири“. Завршија крајот од тридневното музичко школо со мини концерт и роденденска забава за Ѓорги.

Фондација Елеуса се заблагодарува на децата од „Стихири“, на Слаткарница “Kanela” од Струмица и на Детска Куќа, како и на родителите на Ѓорги, наши неуморни волонтери, што ја поддржаа оваа роденденска иницијатива.

„Љубовта е давање“, „Давањето е радост“. Да се радуваме и да благодариме на Бог за сѐ!