Фондација Елеуса

Сподели
Драги наши,
Со неизмерна радост сакаме да Ви соопштиме дека денес Советот на Општина Струмица едногласно го прифати предлогот на градоначалникот Костадин Костадинов и додели објект на трајно користење на Фондација Елеуса.
Огромна благодарност упатуваме до градоначалникот Костадин Костадинов, до претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и до сите советници од Советот на Општина Струмица кои покажаа сплотеност и со овој чин им подадоа рака на немоќните, гладни сограѓани.
Зајакнувањето на нашите капацитети е зајакнување на целата заедница да одговори на потребите на лицата кои се наоѓаат во неволја. Дополнително, преку објектот ќе се имплементира сервис од Програмата за рехабилитација и реинтеграција на жените жртви на семејно насилство со Куќа за отворено домување.
Бог да благослови на сите кои што дадоа свој несебичен придонес во реализацијата на оваа идеја од која што корист ќе има целата заедница!