Фондација Елеуса

Сподели

Уште една душа чека на нас! Да го чуеме апелот на нејзините родители и да ѝ помогнеме на младата Катерина:

Почитувани,
пријатели, роднини, познати и непознати, ние како родители на Катерина, која девет години се бори со сколиоза, третирана со физикална терапија, шрот метод, масажи и корсети, бараме помош за нашето девојче за конечно да го решиме овој проблем.
Се консултиравме со многу професори и доктори и решивме да го одбереме најдоброто решение за нашата Катерина.
Операцијата ќе се изведе во Истанбул, Р. Турција кај еден од најдобрите професори од таа област за кој добивме најпозитивни искуства од веќе оперирани пациенти.

Операцијата чини 27 000 евра, сума која без Ваша помош не би можеле да ја обезбедиме.
Никој не рекол дека животот е лесен, но сите знаеме дека животот е убав!
Сигурни сме дека заедно со Вас ќе и бидеме снага, светлина и утеха на патот кој треба да го помине.
Можете да донирате на следните начини:
Имаме отворени донациски броеви:
А1 143 480 само за корисници на А1
ТЕЛЕКОМ 143 124 само за корисници на телеком
Трансакциска сметка:
300037090963826
Викторија Трајкова
Комерцијална банка
Цел на дознака: Донација за Катерина