Фондација Елеуса

Сподели
Драги браќа и сестри,
пред нас стои уште една заедничка мисија, овојпат за помош на младата Катерина Трајкова. Фондација Елеуса заедно со Иван Кукиќ Бенд, Теодора и бенд, Хитс Трио и Ана Цамбулева организира два хуманитарни концерта што ќе се одржат на 16 септември 2024 година. Првиот со почеток во 18 часот, а вториот во 20:30 часот. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на нашата Катерина.
Катерина, девет години се бори со сколиоза, третирана со физикална терапија, шрот метод, масажи и корсети, а сега нејзиното семејство бара помош за конечно да решавање на овој проблем.
Операцијата чини 27.000 евра и ќе се изведе во Истанбул, Р. Турција кај еден од најдобрите професори од таа област.
Затоа, сите да се вклучиме на овој голем хуманитарен настан.
Билетите од 500 денари за возрасни и 300 денари за ученици и студенти можете да ги набавите во Оптика Сфера на булевар „Маршал Тито“ во Струмица.
📆 16 септември 2024
📌НУЦК „Антон Панов“ Струмица
⏰18:00 часот и 20:30 часот
👉300 денари за ученици и студенти
👉500 денари за возрасни