
По неколкумесечна посветена работа со здружени сили и Божја волја успеавме да создадеме основни, пристојни услови за живот за семејство во едно село во поширокиот струмички регион.
Скудната куќа затрупана со старудии и отпад полека почна да наликува на дом. Семејството доби нова бања, со целосна изведба на одвод, довод, плочки и инвентар. Наместо на чешмата во дворот, кујнските потреби ќе ги вршат на новата чешма на терасата, а во дневната ќе одмораат и ќе се дружат на нова гарнитура.
Скромното преуредување, им даде елан да се потрудат да си ја подобрат егзистенцијата (мораме да спомнеме дека дел од членовите на семејството се со попречености). Но, прават планови за ангажирање во земјоделското производство и понатаму, ако даде Бог, нови вложувања во домот.
Токму тоа нѐ исполнува со среќа и благодарност. Радоста дека со подадена рака можеме да извлечеме некој од амбисот на немоќта и сиромаштијата и од агонија да изникне нова животна радост.
Му благодариме на Бога за сѐ!
Им благодариме и на нашите донатори, кои од срце и без двоумење донираа сѐ што беше потребно.
Благодариме на нашите волонтери кои своето слободно време го минуваа помагајќи му на ова семејство. Благодариме и на сите кои беа вклучени во организирањето на прославата, обезбедувањето гардероба, обувки и целосен изглед на нашата сакана матурантка.