Фондација Елеуса

Сподели
Драги наши, добри луѓе,
Средствата потребни за хируршките зафати за нашиот брат Зоранчо Чукарски се собрани .
Зоранчо почна со третманите и очекуваме до средината на есента да го почне и процесот на рехабилитација.
Огромна благодарност од име на Фондација Елеуса, а најмногу од Зоранчо до сите донатори, помагатели, комшии, пријатели, знајни и незнајни кои донираа средства за лекување на Чукарски.
Оваа успешна акција е само доказ дека духот на заедништвото и човекољубието во нашата заедница е посилен од времето полно со себичност и самољубие.
Вашиот хуман гест е потврда дека има надеж за човештвото, чиј пат е еден, кон Вечноста!
Бог да ве благослови и награди по својата милост за добрината која ја направивте за Зоранчо Чукарски!