Фондација Елеуса

Сподели

Синоќа, топлата октомвриска ноќ ѝ посака добредојде на поезијата, музиката и хуманоста, сплотени под едно име „Јас живеам затоа што знам дека живееш и ти“. Низ поетските циклуси „Повикот на корените“, „Црквата-Вечност, наспроти минливоста на животот“, „Раѓањето на зборот“ и „Ти беше сѐ што му недостасува на светот“ нѐ водеа Гордана Донева, Наташа Василевска-Трајчевска, Сузана Мицева, Гонца Запрова-Атанасова и Мариета Дукиќ, а осврт на стиховите на големите македонски поети подготвија Билјана Костадинова и Ана Витанова-Рингачева. Настанот го збогатија виртуозните изведби на македонските шлагери на Ретроманија Трио. Ви благодариме, драги наши, кои дојдовте и бевте дел од овој хуманитарен настан. Собраните средства ќе бидат донирани за акцијата „Топол оброк за сите“.