Фондација Елеуса

Сподели

Во чест на празникот и куќната слава посветена на Преподобната Маченичка Анастасија Римјанка, семјство од Струмица одлучи да ја сподели својата радост со сограѓаните, корисници на услугата „Топол оброк за сите“. Оваа хуманитарна акција е одличен пример за солидарност и поддршка во заедницата.

Бог да ги помилува по својата милост! 🙏

Доколку и вие или вашата компанија сакате да учествувате во акцијата „Топол оброк за сите“ со донација на одреден број оброци, ве покануваме да не контактирате на: 078/218-660, секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот. Заедно можеме да направиме разлика!