Категорија: Елеуса за Вас

Фондација Елеуса

Сподели
Нема поголема радост од онаа кога го гледаме успешниот крај на еден од најважните проекти за Фондација Елеуса годинава. Завршена куќа за едно петчлено семејство со двајца студенти.
Летово, до нас стигна приказната за овие вистински херои, родители кои иако спиеја на гола земја, успеаја да воспитаат и да испратат на студии двете свои деца. Тие пак, својата благодарност кон родителите најдобро ја покажуваат преку нивниот беспрекорен успех, а пред нивните имиња наскоро ќе стојат академски титули по инженерство.
До трошната куќичка, земјениот под, расклатените плитари и провевните прозорци денес никна скромен дом за семејството, цврст темел, онака како што е цврста нивната скромност и едноставност во живеењето.
Фондација Елеуса овој крупен проект немаше да го заврши доколку не беа нашите пријатели кои помагаа низ целиот процес.
Ве благодариме! Бог да ве награди по својата милост!
ЖИКОЛ Струмица
Оптика Сфера
Дијагонала
Ескон инжинеринг
Лав комерц
Елпи
Ал Митал
Евростил М
Страиште
Трне ком Дабиле
Амбалажен сервис
Ноќен клуб „Мираж“
Вант