
Воскресната радост е поблагодатна кога на едно место ќе се спојат мисионери кои на Христовите заповеди за љубов, добрина, почитување, жртвување, човекољубие им даваат суштина.
Така беше денеска кога претставници на Фондација Елеуса се сретнаа со српскиот пејач Никола Роквиќ кој помина низ Струмица на попатнина до неговата крајна дестинација во овој хуманитарен поход, островот Егина и гробот на Свети Нектариј Егински, поминувајќи 1.100 километри пеш.
Заедно Роквиќ и Елеуса отворија поле за идна соработка во реализација на добротворните цели кои ги имаат пред себе.
Никола Роквиќ и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација семејство“, а со цел да им помогне на оние на кои им е потребна помош.
,,Фондацијата има за цел да им се помогне на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мерка и го започнав ова патување,, објавија од Фондацијата.
Конкретно, собраните средства од овој подвиг ќе бидат наменети за болните деца нс онколошкото одделение во Државната болница во Белград, Република Србија.