
Денеска волонтери од нашата Елеуса Фондација учествуваа на настан кој Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица го организираше во рамките на програмата која ја спроведува заедно со Националниот Демократски Институт во Скопје, со цел промоција на верските права и слободи во Западен Балкан. Настан ,,Diverse Plates, One Table: Food Umites Us” имаше за цел да се прослават различните празнични традиции и вери кои се присутни во регионот.
Во првата фаза од настанот беа аранжирани и дегустирани типични празнични трпези во христијанско православната вера, христијанско католичката вера, исламот, христијанско адвентистичката вера и хиндуизмот.
Особено внимание привлече втората фаза од овој настан која беше резервирана за прашања и дискусии. Децата – учесници на настанот упатија многу прашања до нашиот претставник од Елеуса Фондација, о. Стоил Димитриев, кој им посвети особено внимание и се потруди да одговори на нивната љубопитност.

