
Ве покануваме на книжевен разговор и промоција на книгата „Небото ми е дома“ на академик проф. Катица Ќулафкова, кој ќе се одржи во среда, 5 јуни 2024 година, со почеток во 18 часот, во Хотел „Сириус“ во Струмица.
Промотори на книгата ќе бидат д-р Игор Радев, д-р Ана Витанова Рингачева и м-р Сузана Мицева, а поезијата ќе ја интерпретира Катерина Панов Кожаров. Настанот ќе го збогатат музички ВИС „Стихири“.
Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарните активности на Фондација „Елеуса“.
Вe очекуваме!