Категорија: Елеуса за Вас

Фондација Елеуса

Сподели
Група верници од Струмичката Православна Епархија се иницијатори за подготовка на домашен ајвар кој што Фондацијата „Елеуса“ ќе го користи во дел од своите хуманитарни кампањи.
Благодарност, пред сѐ за љубовта со која почна оваа акција, но и трудот за да се реализира.
Иницијаторите најавуваат дека од следната година, месец септември ќе биде „месец на ајварот“ кога планираат подготовка на поголеми количини од овој традиционален македонски деликатес наменет за оние на кои најмногу им е потребен.
Бог да ве благослови по својата милост за овој несебичен гест!