Фондација Елеуса

Сподели

Дека ,,Љубовта е давање, давањето е радост“ уште еднаш се уверивме денеска во ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица. Учениците од IIб, IIIАа IIIб, IVв, IVд, Vв и Vб, заедно со нивните одговорни наставнички, Марија Јанакова Кочева, Надица Горгиева, Љубица Камнчева, Дијана Тумбова, Верица Гоцевска, Лепа Мишовска и Емилија Трајкова покажаа дека не ги забораваат нивните другарчиња во мака. Средствата собрани од Велигденскиот базар ги донираа во Елеуса Фондација за да помогнат во лекување на дечиња. Ви благодариме, искрени души, што помислувате и на оние кои страдаат и на кои им треба помош. Бог да Ве благослови!