
Во рамки на својата Програма за унапредување на верските слободи и права на Западниот Балкан, Националниот демократски институт (НДИ) денеска одржа работилница на која се дискутираше за дезинформациите наспроти говорот на омраза, како и превенција на говорот на омраза кој поттикнува верска нетрпеливост. Работилницата се одржа во ресторанот Кај Виктор во населено место Босилово (Општина Босилово). На оваа работилница активно учество земаа и претставници на нашата Елеуса Фондација.