Категорија: Елеуса за Вас

Фондација Елеуса

Сподели

Драги наши, неизмерна е радоста од Вашето несебично учество во акцијата „Подели дел од својата трпеза, нахрани гладен“. Полните корпи кај нашите партнери, Маркети Маркети Црвена Ружа а , Зендолино Маркети / Zendolino Marketi , STOKOMAK , TINEX , #ГолдМаркет (https://goo.gl/maps/h1dXEkhfbj5GYbuh8) , Мега Маркети, Кит-Го маркети во Струмица и Маркет ДАРКО во Велјуса, ни го потврдуваат она што ние како Елеуса Фондација го знаевме, дека хуманоста и грижата за заедницата е одлика на сите Вас! Ве потсетуваме дека акцијата ќе трае до почетокот на април, до кога ќе може да ги оставате своите донации. Тие ќе бидат дел од празничните хуманитарни пакети кои ќе ги доставиме до најмалку 200 семејства! Затоа што – Љубовта е давање, давањето е радост!