
Елеуса Фондација преку своите партнери, денеска ја опреми детската соба на младата Марија од Ораовица. Пред неколку месеци претставници на Фондацијата го посетија домот на девојчето. Заедно со мајката договоривме да ја уредиме детската соба веднаш штом заврши реконструкцијата. На заедничко задоволство тоа го реализиравме денес! Марија нека ужива во новата соба. Нашите соработници Бог нека ги благослови и нека им возврати за нивната добрина!