
Во рамки на својата Програма за унапредување на верските слободи и права на Западниот Балкан, Националниот демократски институт (НДИ) одржа работилница на која се дискутираа културолошките и религиските идентитети на различните верски заедници и групи во Струмичкиот регион. На работилницата, која се одржа во Етно ресторанот Кај Виктор во Босилово, учество земаа и наши волонтери од Елеуса Фондација, а свештеникот о. Стоил Димитриев, претставник од Струмичката епархија, имаше свое излагање на тема Македонска Православна Црква.