Профил на Фондација Елеуса
Фондација Елеуса постои од 17.02.2022 година со седиште на ул.Кирил и Методиј бр.24, 2400 Струмица.
Фондацијата има статус на правно лице, формирано за остварување на цел за стекнување и управување со имот и средства, согласно Уставот и законите на Република Северна Македонија. Фондацијата е отворена за сите граѓани без оглед на расната, националната или верската припадност, кои ги опфаќаат основните принципи и методи на работа и Статутот на организацијата. Фондацијата ја застапува Директор. Фондцијата е непартиска, хуманитарна и формирана со слободна волја.
- Собрание,
- Одбор
- Директор
Одлуките ги донесува Одборот со мнозинство гласови од присутните членови на одборот.
Главни цели
Мисија
Поддршка, помош, помагање на социјално загрозени категории лица и семејства и едукација за зачувување на вредностите во заедницата.
Визија
Заедница со намалени социјални јазови, без сиромаштија, со млади и возрасни со почитување на традиционалните вредности.