Фондација Елеуса

Сподели
Пред извесно време до нас стигна повик за помош од самохрана мајка и нејзиниот петгодишен син. Волонтерите на Фондација Елеуса веднаш стапија во контакт со мајката, и заедно ги утврдија најитните и најважни потреби на семејството.
Денес ја споделуваме радоста со нив, а зборовите на благодарност ги упатуваме до сите вас — нашите волонтери, поддржувачи, партнери и членови на семејството Елеуса. Вие сте тие што секогаш сте подготвени да одговорите брзо, од срце, кога некој ќе побара помош.