
Волонтерите на Елеуса Фондација и овој пат за рекордно време спакуваа над 200 пакети со хуманитарна помош, кои деновиве ќе почнат да се дистрибуираат до социјално загрозените семејства во Струмичката епархија.
Голема благодарност до сите оние кои донираа и кои помогнаа за повторно огромен број семејства да почувствуваат радост. Вашата поддршка покажува дека заедно можеме да донесеме надеж и светлина таму каде што е најпотребно. Секој пакет е знак на љубов и внимание кон луѓето кои се во тешка состојба, а вашата хуманост ги инспирира и волонтерите и сите во заедницата. Со вакви дела, заедно градиме општество исполнето со солидарност и грижа за другите.



