
Животот е тежок, но во овие моменти за 8 годишната Тијана Дунгевска и нејзините родители е уште потежок. Дијагностициран е тумор на главата и беше итно оперирана на Неврохирургија во болницата Мајка Тереза во Скопје.
Ве замолуваме во името на Тијана и нејзините родители повторно да ја покажеме нашата хуманост, да донираме кој колку може за да се плати операцијата на Тијана и да им се помогне на родителите за постоперативниот третман и грижа. Може да донирате на сметката на нејзиниот Татко Славе Дунгевски.
Доколку не сте во можност да донирате, споделувањето на овој пост може да помогне да се допре до повеќе луѓе кои можат да обезбедат помош.
Секој мал прилог или споделување може да направи голема разлика за Тијана и нејзините родители. Вашата поддршка е од големо значење во овие тешки моменти.