
Ги почнавме подготовките за големиот хуманитарен концерт „Со песна до инклузија“, на кој ќе настапи етно-групата Љубојна.
Членовите на ,,Порака” имаат да Ви порачаат нешто: Можеме, сакаме и знаеме со помош на сите Вас!
Во организирањето на завршниот настан ќе бидат вклучени лица на кои им е потребна инклузија. Според нивните можности, тие ќе учествуваат во промоцијата на настанот, продажбата на билети, пречекувањето на гости и други организациски потреби.
Во рамките на проектот, ќе оствариме средби со здруженија на граѓани кои работат со лица на кои им е потребна инклузија, за заедно да ги детектираме предизвиците и да работиме на нивно надминување, со цел да ја подобриме положбата на нивните членови.
Повторно благодарност до групата ЉУБОЈНА, кои ќе бидат дел од музичкиот настан. Билетите по цена од 350 денари може да ги набавите од Оптика Сфера. Дополнително ќе ве информираме за поставените пунктови на градскиот плоштад.
Ве очекуваме!