
На настанот во организација на Коста Тимов, во етно ресторанот Кај Виктор (Etno Restorant KAJ Viktor), по повод Божиќните празници повторно бевме повикани на заедничка дружба со децата со аутизам и со попреченост.
Овие наши заеднички дружби преминаа во традиција која се надеваме дека ќе ја негуваме уште долги години.
Во име на Фондација Елеуса и Струмичката епархија, отец Симеон Кантурски им подели новогодишни пакетчиња на дечињата кои учествуваа на настанот. Со свој настап настанот го збогатија и дел од децата од Школата за веронаука при храмот ,,Св.Кирил и Методиј” од Струмица.