Категорија: Вести, Пакети

Фондација Елеуса

Сподели

Драги наши,

Се радуваме да ве известиме дека социјално загрозените семејства кои гравитираат кон Струмичката Православна Епархија ги добија хуманитарните пакети. Оваа акција е дел од нашата континуирана посветеност на помагање на оние на кои им е најпотребна поддршка.

Ваша е заслугата за успешната реализација на оваа хуманитарна иницијатива! Благодариме на сите донатори и волонтери кои придонесоа за оваа важна мисија. Заедно можеме да направиме разлика!

Триесет и шест (36) хуманитарни пакети во Берово
Дванаесет (12) хуманитарни пакети во Пехчево
Дваесет и четири (24) загрозени семејства во општина Босилово ги добија хуманитарните пакети.
Дваесет и седум (27) хуманитарни пакети за загрозените семејства од Општина Ново Село.
Три (3) загрозени семејства од Дојран ги добија хуманитарните пакети.
Шеснаесет (16) хуманитарни пакети се испратени за загрозените семејства во Општина Василево.
Триесет и два (32) хуманитарни пакети обезбедивме за загрозени семејства во Општина Струмица.
,,Љубовта е давање, давањето е радост”- Фондација ,,Елеуса”