
Драги наши,
Ви благодариме што уште еднаш ја покажавте вашата хуманост. Преполната сала во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица покажа колку сте вие важни за нашата хуманитарна мисија. Вашето присуство и поддршка значат многу!
Посебна благодарност до учесниците, ВИС „Стихири“ и учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, кои приредија вистински спектакл на сцената.
Исто така, благодариме на Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов за нивната поддршка во реализацијата на овој хуманитарен концерт. Ваша е заслугата за успехот на овој настан!