
Драги браќа и сестри,
Постојат одредели луѓе чие што присуство е видливо онолку колку што е невидлива нивната болка и мака. Луѓе кои секојдневно ги гледаме меѓу нас, се вдомуваат во нашата свест, стануваат неизбежен дел од животот на заедницата и на кои тивко им се восхитуваме знајќи им ја кондицијата со која трчаат по патеката на животот со пречки.
Еден од нив е и Зоранчо Чукарски, самохран татко на две деца, кој веруваме, ретко кој струмичанец, не го познава. На неговата патека на животот, покрај грижата и негата за малолетниот син со аутизам, сега се испречи и болеста која што се заканува да го онеспособи со ризик за ампутација на неговите нозе што крајно ќе го оневозможи во грижата за семејството.
Полн со надеж дека нема да остане инвалид, Зоранчо веќе стапил во контакт со доктор Сашко Николов за третман на заболувањето на нозете во Клиничкиот центар во Штип.
Сега му сме потребни на Зоранчо, да му помогнеме да излезе победник и во оваа битка. Фондација Елеуса се вклучи со помош на семејството со донирање на пакет со прехранбени производи и со финансиска помош. За лекување потребни му се 5.200 евра.
Да се вклучиме во оваа хуманитарна акција! Заедно можеме да му помогнеме на Зоранчо!
Донирајте преку алатката на нашата Веб страна
или на жиро сметка:
За оние кои сакаат да донираат парични средства тоа може да го направат на нашата
жиро-сметка: 300030000262856
Фондација ЕЛЕУСА Струмица
Цел на дознака: Донација за лекување на Зоранчо Чукарски
Или на нашата девизна сметка:
KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BRANCH STRUMICA MACEDONIA
SWIFT: KOBS MK 2X SRB
Beneficiary Customer:
IBAN: MK07300701003869006
FONDACIJA ELEUSA STRUMICA
Kiril i Metodij 24 STRUMICA, R.MACEDONIA