Фондација Елеуса

Сподели

Драги наши една година ја спроведуваме акцијата „Топол оброк за сите“. Во тој период имаме поделено 20.576 оброци за најсиромашните наши сограѓани. Огромна благодарност до сите вас донатори, поединци, компании, фирми, ресторани, хотели, до сите добронамерници кои на било каков начин учествувавте во акцијата, која ќе продолжи и понатаму. За една година покажавме дека само сплотени во грижата на заедницата можеме да допреме до најзагрозените наши сограѓани. Благодарност и за сите волонтери кои наоѓаа време да помогнат во делењето на оброците. Благодарност и до нашите денешни партнери, учениците од СОУ „Димитар Влахов“ и нивната професорка кои како и многупати досега ја покажале својата хуманост! Нашата акција продолжува и понатаму! За повторно сите заедно да ја покажеме грижата и љубовта кон оние на кои им е потребна помош!