
За волонтерите на Фондација Елеуса секој ден е нова приказна. Денеска ја запишуваме оваа: Едно семејство доби мебел за својот полупразен дом. Благодариме за совесните граѓани кои нѐ поврзаа со ова семејство. Благодариме на сите хумани луѓе кои нѐ контактираат за да помогнат и да донираат за оние на кои им е потребно. И секако благодариме на нашите волонтери кои ги исполнија со среќа трите детски срца.