
Драги дечиња од III-4 одд. и II-3 одд. при ООУ ,,Никола Вапцаров”,во овие празнични денови радосно ја примивме веста дека изработките кои самоиницијативно сте ги направиле заедно со Вашите родители и наставнички, ќе ги изложите на базар, а парите ќе ги донирате во Елеуса Фондација.Ви благодариме за трудот и љубовта кои сте ги вложиле, за искреноста и трудољубивоста која сте ја истакнале и за милосрдието и незаборавањето на оние кои страдаат.Празничните денови се денови кога треба да ја гледаме Вистинската Светлина, да го препознаваме и негуваме убавото и љубовното во овој свет полн слабости и да даваме поттик и сила за идни други акции преку кои ќе се покаже грижата за заедницата.Оние украси кои не сте ги продале на Базарот, а ни ги отстапивте нам, се наоѓаат во храмот Св.Кирил и Методиј каде што граѓаните може да си земат од експонатите и по својата милост да донираат во кутиајта на Елеуса Фондација. Благодарност и за наставничките Невенка Дончевска и Наташа Тумановска Витанова кои Ви помагаат во растењето на човечките вредности и грижата за најблиските. Со радост да го дочекаме Денот на духовната пролет- Христос Воскресе!