Категорија: Културни настани

Фондација Елеуса

Сподели

Втора проекција на филмот „Што е жена“ во Струмица. Полна сала за „Што е жена“ на Мет Волш во Струмица Големата сала во Центарот за култура „Антон Панов“ вечерва беше исполнета до последно место за втората проекција на филмот „Што е жена?“ на Мет Волш, што ја организираше Коалицијата за заштита на децата и Фондација Елеуса. На настанот присутни беа Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков, градоначалниците на Струмица, Ново Село, Василево и Босилово, Костадин Костадинов, Ѓорге Божинов, Славе Андонов и Ристо Манчев, советници, пратеници, претставници од Католичката црква, претставници од Евангелската црква, претставници на Евангелско- методистичката црква.-Граѓаните на струмичкиот регион покажаа дека живееме во слободно и демократско општество. Сами носат заклучоци и градат сопствени ставови. Содржината на филмот на Волш, нѐ охрабрува дека ова нема да помине, заради доброто на нашите деца, велат од Фондацијата Елеуса, сметајќи дека денешниот голем одѕив на публиката е индикатор за единството што постои околу прашањата поврзани со тн. Родова идеологија.Првото и премиерно прикажување на филмот беше на 9 мај 2023 година во Струмица. На ден пред втората проекција се случи „вербална битка“ меѓу министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска која на својот ФБ профил ја критикуваше проекцијата на филмот велејќи дека ако таа досега не знаела што е жена, како да очекува, како што вели, конзервативниот и контраверзен Мет Волш, да нз ппросветли преку „откритието на векот“. На тоа реагираа од Коалиција за заштита на децата, меѓудругото истакнувајќи дека, минстерката одбива да каже дека филмот, како што велат, не и се допаѓа бидејќи пластично го разобличува предлог- законот за родова еднаквост, според кој, како што нагласуваат мажот може да има женски гениталии и обратно.