
Со чувство на благодарност и желба да ја истакнеме хуманоста во нашата заедница, ја споделуваме оваа убавина од добрина која пристигна во Елеуса Фондација.
Голема благодарност до нашиот сограѓанин за донацијата, како и до Црвен крст Струмица, кои дел од донираните оброци ги поделија во Елеуса Фондација на нашите корисници во рамки на проектот „Топол оброк“.
Овие хумани гестови се вистински пример за заедништво и поддршка кон оние на кои помошта им е најпотребна.
По молитвите на свети Архангел Михаил, нека Бог ги благослови сите добротворци што со своите дела внесуваат надеж, топлина и љубов во нашата заедница.


