
Хуманитарните пакети нашите волонтери ги доставија до секој дом на примателите на оваа помош, вклучително и во Струмица, како и во сите региони покриени од нашата епархија: Босиловско, Василевско, Новоселско, Беровско, Пехчевско и Дојранско намесништво. Со тоа заврши и последната акција со хуманитарни пакети за 2025 година, која повторно покажа колку силна и посветена е нашата заедница.
Голема благодарност до сите наши пријатели кои донираа, како и до сите волонтери кои учествуваа во подготовката и доставата на пакетите наменети за социјално загрозените семејства. Вашата хуманост создаде надеж и радост кај стотици семејства ширум нашите општини.
Нека Бог ги благослови сите и со Негова помош да се надеваме на уште поуспешни акции во 2026 година, но и на помалку семејства кои се на работ на егзистенцијата. Заедно можеме да продолжиме да шириме љубов, солидарност и грижа кон секој човек кој има потреба.



