Категорија: Вести

Фондација Елеуса

Сподели

Со чувство на благодарност и искрена желба да помогнеме, сакаме да ја споделиме пораката која ја добивме од директорот на ПОУ „Св. Климент Охридски“ од Ново Село:

„За добрината, човечноста и хуманоста – искажана преку Вашата помош и соработка, Ви благодариме од името на децата, вработените и од мое лично име. Господ да Ве благослови.”

Голема благодарност за овие прекрасни зборови, но ние само подаривме нешто што беше донирано во нашата Фондација, баравме каде би можело да се однесе оваа донација, со цел да усреќиме некој.
Така овие дуксери си најдоа место во специјалното училиште во Ново Село, во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско и во СОС Детско Село.
Најсреќни сме што некому донесовме насмевки и среќа.

Во вакви моменти ја гледаме вистинската сила на хуманоста – мали дела што создаваат голема радост. Благодарни сме што заедно успеваме да ја шириме добрината таму каде што е најпотребна.