
Преполната сала во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица посведочи за хуманоста на струмичани овојпат преточена во добротворната акција за помош во лекувањето на малата Нина.
Публиката уживаше во феноменалните изведби на ВИС „Стихири“ и Школата за гитара “Џоко Горгиев“.
Фондација Елеуса упатува благодарност на сите граѓани кои се вклучија во хуманитарната мисија за помош во постоперативната рехабилитација и закрепнување на Нина.



