
Кога младите избираат добрина наместо удобност, тогаш хуманоста ја покажува својата најубава сила.Наместо славска трпеза – топол оброк за некој што нема. Пресреќни сме што овие млади луѓе знаат дека вистинската среќа е во давањето и споделувањето со другите.
Нека му е вечно името на славеникот и нека Бог го награди, по молитвите на Св. Димитриј Великомаченик Солунски.
Да ни се множат ваквите дела на добрина, зашто токму тие ја осветлуваат нашата заедница и го прават светот подобро место.



